РЕСОРИТЕ СЕ РАСПРЕДЕЛЕНИ, ИМИЊАТА ЌЕ СЕ ЗНААТ НАСКОРО Мицкоски за реконструкцијата на владата

Персоналните решенија ќе бидат објавени во вторник вечер по седницата на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, најави премиерот.

191

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека за најавената реконструкција на Владата принципиелно има договор со коалициските партнери „Вреди“ и ЗНАМ, но оти персоналните решенија ќе бидат објавени утревечер по седницата на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

– Да, ние не сме разговарале за персонални решенија за имиња. Принципиелно имаме договор за ресорите. Јас во минатото кажав, додека не се заврши седницата на Извршниот комитет на партијата, нема да коментирам ниту ресори ниту имиња. Почекајте до утре, некаде до 20 часот, јавноста ќе биде детално запознаена – рече Мицкоски на новинарско прашање што е договорено со ЗНАМ и „Вреди“.






Прашан кога ќе има информации за промени во другите ешалони, Мицкоски посочи дека со тие активности ќе се продолжи од септември.

– Овој месец е предвидена реконструкцијата на Владата, предвиден е ребалансот на буџетот и доколку има потреба, одредени седници, со кои ќе се донивелираат одредени реформски закони кои се потребни за реформската агенда. Потоа, колку што сум информиран, во август Собранието е на годишен одмор, така што продолжуваме од септември понатаму – рече Мицкоски, кој присуствуваше на пуштање во употреба на градинка во Трубарево во општина Гази Баба.

Поврзани содржини