ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА СО ДОНАЦИЈА ЗА ТППЕ КОЧАНИ Ќе се набави противпожарно возило за тешкодостапни терени
Ќе биде набавена комплети лична заштитна опрема за пожарникарите, која вклучува заштитни одела, заштитни ракавици, заштитни чевли за работа на високи температури, шлемови и друга неопходна опрема за безбедно и ефикасно дејствување на терен.
Видеолотарија Касинос Австрија обезбеди донација за Општина Кочани, наменета за потребите на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Кочани во справувањето со пожари и други елементарни непогоди.
Со поддршката од Видеолотарија Касинос Австрија ќе се овозможи набавка на специјализирано возило за пристап до тешкодостапни и опожарени терени, како и набавка на комплети лична заштитна опрема за пожарникарите. Опремата вклучува заштитни одела, заштитни ракавици, заштитни чевли за работа на високи температури, шлемови и друга неопходна опрема за безбедно и ефикасно дејствување на терен.
Донацијата ќе придонесе за зајакнување на капацитетите на ТППЕ Кочани, овозможувајќи побрза реакција при интервенции, поголема безбедност за пожарникарите и поефикасен транспорт на луѓе и опрема до местата каде што е потребна помош.
Од Општина Кочани изразија искрена благодарност до Видеолотарија Касинос Австрија за поддршката и донираните средства, нагласувајќи дека ваквите општествено одговорни иницијативи имаат значајна улога во унапредувањето на безбедноста и подготвеноста на службите кои секојдневно се грижат за заштита на граѓаните и нивниот имот.
Со оваа донација, Видеолотарија Касинос Австрија уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон поддршка на локалните заедници и иницијативите што придонесуваат за поголема безбедност, заштита на граѓаните и зачувување на животната средина.