ШТО ПОРАЧУВА ФИЛИПЧЕ СО МОЛКОТ ЗА БУГАРСКИОТ ДИПЛОМАТСКИ СКАНДАЛ? Поважни му се односите со Софија од македонските национални интереси
Исто како што никогаш не реагира кога од Бугарија се негираат македонскиот јазик, идентитетот, историјата и културата, така и сега избра да премолчи дипломатски скандал без преседан, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.
Со дипломатскиот преседан од страна на Бугарија, односно со објавувањето на документ што содржи чувствителни информации поврзани со безбедноста на претседателот Мицкоски и неговото семејство, македонската јавност очекуваше јасна осуда и извинување од официјална Софија, а наместо тоа, добивме извртување на темата и бегање од одговорност, рече денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.
– Од друга страна пак, од специјалниот бугарски пратеник Венко Филипче не слушнавме ниту еден збор осуда за објавувањето на оваа дипломатска нота, што е скандалозно по секоја основа. За Филипче ова очигледно не е тема што заслужува реакција – рече Петрушевски.
Молкот на Филипче е негов политички избор, нагласи тој.
– Исто како што никогаш не реагира кога од Бугарија се негираат македонскиот јазик, идентитетот, историјата и културата, така и сега избра да премолчи дипломатски скандал без преседан. Со таквиот однос Филипче испраќа порака дека за него е поважно да не ги наруши односите со своите политички истомисленици во Бугарија, отколку да застане во одбрана на македонските државни интереси – рече Петрушевски.