ЧЕТИРИЦИКЛ ИЗЛЕТАЛ ВО ОХРИДСКО, ДЕВОЈЧЕ Е ТЕШКО ПОВРЕДЕНО Mладиот возач немал дозвола, завршил во станица

Шеснаесетгодишна сопатничка се здобила со тешки повреди откако четирицикл излетал од локален пат меѓу Горно и Долно Коњско. Полицијата утврдила дека 20-годишниот возач управувал без возачка дозвола.

151

Дваесетгодишен возач бил лишен од слобода откако со четирицикл излетал од локален пат помеѓу охридските села Горно и Долно Коњско, а 16-годишна сопатничка завршила со тешки повреди.

Несреќата се случила на 24 јуни, а девојчето од селото Марино, општина Илинден, било пренесено во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид, каде лекарите констатирале тешки телесни повреди.






По извршениот увид, полицијата утврдила дека четирициклот го управувал И.П.(20) од кривопаланечкото село Узем и дека воопшто немал возачка дозвола.

Поради тоа, тој бил лишен од слобода по налог на јавен обвинител. Екипа на СВР Охрид извршила увид на местото на несреќата.

Поврзани содржини