ВИКЕНДОВ ВО СКОПЈЕ ЌЕ СЕ ПРСКА ПРОТИВ КОМАРЦИ Градот апелира пчеларите да ги заштитат пчелните семејства

Во сабота и недела во раните утрински часови ќе се спроведе авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци, а пчеларите се повикани навреме да ги заштитат пчелните семејства.

274

Град Скопје ги информира граѓаните дека претстојниот викенд ќе се спроведе авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на целото подрачје на главниот град.

Според соопштението, прскањето е планирано да се реализира во раните утрински часови во сабота, 27 јуни и во недела, 28 јуни.






Од Град Скопје посочуваат дека доколку временските услови не дозволат реализација на дезинсекцијата во предвидениот термин, активностите ќе бидат одложени и ќе се спроведат првиот нареден ден кога ќе има поволни временски услови.

Воедно, градските власти упатија апел до пчеларите навремено да ги преземат сите неопходни мерки за заштита на пчелните семејства за време на прскањето.

Авионската дезинсекција е дел од редовните активности на Град Скопје за намалување на популацијата на комарци во летниот период и за заштита на јавното здравје.

Поврзани содржини