КРВАВА ДРАМА ВО БУГАРИЈА ЗАВРШИЛА СО СКОК ОД ТЕРАСА Тројца загинаа, причината е љубовен триаголник?
Според првичните информации, на трагедијата ѝ претходел конфликт поврзан со љубовен триаголник. Истражителите наведуваат дека маж, кој и претходно бил познат на полицијата, нападнал со нож маж и повозрасна жена.
Три лица загинаа во трагичен инцидент во градот Угарчин во Бугарија, во објект за сместување на лица во тешка социјална положба.
Според првичните информации од истрагата, на крвавиот настан му претходела жестока расправија која наводно била поврзана со нарушени односи и љубовен триаголник.
Истражителите наведуваат дека маж, кој и претходно бил познат на полицијата, нападнал со нож маж и повозрасна жена. Двајцата починале од здобиените повреди.
Девојчето се обидело да се спаси
Во моментите на хаосот во објектот се наоѓало и 15-годишно девојче. Според информациите од истрагата, таа во обид да избега од опасноста скокнала од терасата на зградата.
Кај неа не биле пронајдени траги на физичко насилство, но починала од тешките повреди здобиени при падот.
Едно лице е приведено
По пријавата, на местото веднаш пристигнале полициски и медицински екипи.
Еден осомничен е приведен и се наоѓа во полициски притвор, додека истрагата треба да ги утврди точните околности и мотивите за трагедијата.
Локалните власти соопштија дека објектот функционирал како дом за лица кои се соочуваат со тешки животни и социјални околности.