ЈАПОНИЈА ЗАПЛЕНИ КИНЕСКИ РИБАРСКИ БРОД Капетанот заврши во притвор
Капетанот е обвинет за избегнување инспекција на бродот од страна на јапонски службеник од Агенцијата за рибарство, која е задолжена да се справи со нелегалниот риболов во водите околу Јапонија.
Јапонија заплени кинески рибарски брод во близина на нејзиниот брег и го притвори капетанот откако одбил да застане во јапонската ексклузивна економска зона, соопшти Агенцијата за рибарство.
Инцидентот се случил во близина на брегот на префектурата Нагасаки.
Првпат од 2022 година Јапонија запленува кинески рибарски брод.
Капетанот е обвинет за избегнување инспекција на бродот од страна на јапонски службеник од Агенцијата за рибарство, која е задолжена да се справи со нелегалниот риболов во водите околу Јапонија.
Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи изјави дека Пекинг очекува Јапонија да се придржува до договорот за рибарство помеѓу двете земји. Тој додаде дека Пекинг се залага кинеските рибари да ги почитуваат законите и прописите.