СИЛЕН ВЕТЕР И НЕСТАБИЛНА ОБЛАЧНОСТ НАД МАКЕДОНИЈА Можно е локално невреме во повеќе региони

Метеоролозите предупредуваат на поројни врнежи, силни грмежи, засилен ветер и локална појава на град, додека кон крајот на работната недела повторно ќе преовладува сончево и многу топло време.

138

Нестабилното време ќе продолжи и во текот на денот со врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер, информираат метеоролозите.

Поради големата енергија во атмосферата, локално се очекуваат поинтензивни процеси проследени со обилен пороен дожд, силни грмежи, засилен ветер и појава на град.






Утринските температури ќе се движат од 13 степени во Маврово до 19 степени во Гевгелија, додека максималните дневни ќе достигнат од 27 степени во Маврово до 35 степени во Гевгелија.

Во Скопје ќе преовладува нестабилно време со дожд, грмежи и засилен ветер. Во одделни делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме. Температурата ќе се движи од 17 до 32 степени.

Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, во четврток времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи, а ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Минималните температури во четврток ќе се движат од 11 до 20 степени, а дневните ќе достигнат меѓу 30 и 38 степени.

Во петок ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од променлив правец.

Утринските температури ќе се движат од 12 до 21 степен, додека максималните дневни ќе бидат во интервал од 31 до 38 степени.

Поврзани содржини