📽️ РОНАЛДО ГО НАПРАВИ НЕВОЗМОЖНОТО Светот сведочеше на рекорд кој може да трае со децении

Кристијано Роналдо стана првиот фудбалер во историјата кој постигнал гол на шест различни Светски првенства, предводејќи ја Португалија до убедлива победа од 5-0 над Узбекистан.

326

Кристијано Роналдо повторно влезе во фудбалската историја. Португалската ѕвезда вечерва во Хјустон постигна два гола во убедливата победа на Португалија над Узбекистан од 5-0 и стана првиот играч кој се запишал меѓу стрелците на шест различни Светски првенства.

Португалија дојде во водство веќе во 6 минута преку Роналдо, кој до крајот на полувремето го постигна и својот втор гол на натпреварот во 39 минута откако претходно Мендеш беше прецизен од слободен удар во 17 минута.






По еден час игра Португалија имаше водство од 4-0, кога Нематов ја затресе сопствената мрежа, а конечниот резултат го постави Леао во 87 минута.

Роналдо вечерва дојде до бројката од десет голови на светските првенства од кои првиот го постигна на 17 јуни 2006 година против Иран.

Португалија води на табелата во групата К со четири бодови пред дуелот од последното коло против Колумбија, која претходно утре рано наутро ќе се соочи со третопласираната Гана.

Поврзани содржини