13 ВОЗЕЛЕ БЕЗ ДОЗВОЛА, ДВАЈЦА МАЛОЛЕТНИ, ДВАЈЦА ПИЈАНИ Полицијата приведе 15 возачи за еден ден

Меѓу приведените има двајца малолетници затекнати зад волан. Две лица управувале возила под дејство на алкохол.

52

Двајца малолетници биле фатени зад волан, а вкупно 13 лица возеле без возачка дозвола во акцијата што полицијата ја спроведе низ државата во изминатото деноноќие.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека биле лишени од слобода 15 возачи поради безобѕирно управување со возило.






Шестмина биле затекнати во Скопје, меѓу нив и еден малолетник. По двајца возачи без дозвола биле откриени во Битола, од кои едниот исто така бил малолетен.

По еден возач без дозвола бил фатен во Делчево, Штип, Куманово, Неготино и во Македонски Брод.

Полицијата привела и по едно лице во Скопје и во Велес кои управувале возила под дејство на алкохол. По целосното документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Поврзани содржини