СЛОВЕНЕЧКИТЕ ФИРМИ ГО ВРАЌААТ ЈУГОСЛОВЕНСКИОТ МОДЕЛ ЗА ПРИВЛЕКУВАЊЕ РАБОТНИЦИ Градат или изнајмуваат станови за работниците

Компанијата „Крка“ веќе  обезбедува официјални станови за перспективен персонал што доаѓа од оддалечени области, како и станбени кредити за купување, изградба или адаптација на недвижности.  „Терме Олимија“ исто така планира да изградат две станбени згради - едната за изнајмување, а другата за продажба на вработените.

160

Во Словенија некои работодавачи се враќаат на југословенскиот модел за привлекување и задржување на работници преку изградба, купување или изнајмуваат станови. Мерката, според словенечките медиуми ги опфаќа домашните и странските работници. Дополнително владата го олесни вработувањето за странци со цел да им конкурира на европските земји кои нудат подобри услови за работа.

Компанијата „Крка“ веќе  обезбедува официјални станови за перспективен персонал што доаѓа од оддалечени области, како и станбени кредити за купување, изградба или адаптација на недвижности.  „Терме Олимија“ исто така планира да изградат две станбени згради – едната за изнајмување, а другата за продажба на вработените.






Работодавачите велат дека  покрај платата станбеното прашање е клучно за привлекување работници од во  подалечните региони од големите центри и привлекување странски работници.

-При вработување лекари од странство, обезбедувањето службен стан е клучно – велат од Љубљанскиот здравствен центар, кој моментално има 28 вакви станови.

Слична практика има и месарницата „Облак“, каде што половина од 130-те вработени се од странско потекло.

Засега, ова се поединечни примери, но јасно е дека работодавачите разбираат дека платата повеќе не е доволна за задржување на работната сила. Ова е особено важно во помалите заедници и каде што домувањето е скапо или недостапно.

Обезбедувањето сместување ги зголемува шансите работниците трајно да се населат и да останат кај работодавачот, што е исто така важно за зачувување на населението во тие области.

Борбата за работна сила во оваа земја дополнително ќе се интензивира, бидејќи бројот на невработени во Словенија континуирано се намалува, а на крајот на мај изнесуваше 43.060, што е помалку од претходниот месец и претходната година. Сепак, сè уште постојат структурни несовпаѓања помеѓу понудата и побарувачката на пазарот на трудот.

Поради недостатокот на локален персонал, работодавачите сè повеќе вработуваат странски работници, од кои веќе има околу 150.000, или 16% од работоспособното население.

Во последниот период, бројот на работници од балканските земји се намали, додека бројот на работници од Југоисточна Азија значително се зголеми. Бројот на работни дозволи за балканските работници се намали, додека за работниците од Азија се зголеми неколку пати. На крајот од првиот квартал, имаше околу 14.700 од нив.
Причината е што другите европски земји нудат подобри услови за работа и повисоки плати, додека во исто време платите се зголемуваат во матичните земји на балканските работници. Затоа многумина претпочитаат да останат дома.

Од друга страна, работниците од трети земји честопати се подготвени да работат потешки работи и под поскромни услови, што ги прави привлечни за работодавците.

Владата на Словенија воведе одредени мерки за олеснување на вработувањето на странци и се обидува да привлече висококвалификувана работна сила. Сепак, јасно е дека без обезбедување соодветни и достапни станови, нема да биде можно да се реши проблемот со недостигот на персонал на долг рок.

Оние што почнале да работат во поранешна СФРЈ сè уште се сеќаваат дека во тоа време, големите фабрики, здравствените центри, училиштата и другите јавни институции им давале стан  или кирија за дефицитарниот кадар. Ова им го олеснило привлекувањето персонал во пооддалечените области, но било важно и за младите луѓе за да не се иселуваат.

Поврзани содржини