ФИЛИПЧЕ НАЈДЕ НОВ НАЧИН ДА ГО ЗАЈАКНЕ ИДЕНТИТЕТОТ – ЌЕ ГО ПРОДАДЕ Му се додворува на Радев, очекува некој да го донесе на власт
Зоран Заев еднаш веќе го отвори Уставот, а Филипче чека да дојде на ред за да го направи истото. По стапките на Заев, и СДСМ и Филипче се подготвени на нова национална отстапка, очекувајќи дека некој ќе ги донесе на власт, затоа што народот веќе се изјасни дека нема да ги гласа, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Венко Филипче вели дека Бугарија не го негирала македонскиот идентитет, иако ставовите на официјална Софија се јасни по ова прашање – сметаат дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот, дека македонскиот и бугарскиот народ, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„Иако Филипче јасно тврдеше дека не слушнал никој до сега од источниот сосед како го негира македонскиот идентитет, сепак успеа да ги усогласи своите ставови со бугарското МНР. Тој вели дека идентитетот би се зајакнал ако Македонија ги внесе Бугарите во Уставот и тврди дека не бил загрозен на тој начин, иако Бугарија не го испорачува својот дел од обврските“, се вели во соопштението.
Ја обвинуваше својата држава дека создавала вештачки конфликти со соседите, додава ВМРО-ДПМНЕ.
„Зоран Заев еднаш веќе го отвори Уставот, а Филипче чека да дојде на ред за да го направи истото. По стапките на Заев, и СДСМ и Филипче се подготвени на нова национална отстапка, само за да успеат да се додворат на Радев, очекувајќи дека некој ќе ги донесе на власт, затоа што народот веќе се изјасни дека нема да ги гласа. Притоа, СДСМ и Филипче како опозиција се целосно отсутни, бојкотираат работни групи, одбиваат дијалог, и не признаваат ништо што Владата направила и што е добро за граѓаните. Нивната цел и стратегија се сведува само да се вратат на власт, без разлика по која цена и преку какви компромиси“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
СДСМ и Венко Филипче сметаат дека не се тие виновни за ваквите политики на распродажба, на редефинирање на историјата, туку народот е крив оти не ги гласа, се додава во соопштението.
„Комплетно ја обезличија Македонија додека беа на власт, ја испразнија државната каса, а државата исто така ја опустошија. И сега сакаат народот пак да им верува и да ги гласа по сите предавства што ги направија“, порача ВМРО-ДПМНЕ.