ЌЕ ОСТАНЕМЕ ВО ЈУЖЕН ЛИБАН КОЛКУ ШТО Е ПОТРЕБНО Нетанјаху не планира повлекување на израелската војска

Претходно, лидерот на Хезболах Наим Касем изјави дека Израел нема да остане во Либан и порача дека неговото движење ќе одговори на секое израелско прекршување.

43

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека израелската војска ќе остане во безбедносната зона во јужен Либан „колку што е потребно“ за да ја заштити безбедноста на Израел.

– Воспоставивме безбедносна зона во Либан и ќе ја задржиме онолку долго колку што е потребно за да го заштитиме нашиот народ – рече Нетанјаху на конференција во Ерусалим.






Претходно, лидерот на Хезболах Наим Касем изјави дека Израел нема да остане во Либан и порача дека неговото движење ќе одговори на секое израелско прекршување.

Изјавите доаѓаат и покрај прекинот на огнот кој стапи во сила во петокот, додека израелските власти тврдат дека нивните сили и натаму можат да дејствуваат против заканите во Либан.

Во меѓувреме, американскиот претседател Доналд Трамп му се закани на Иран со нови напади доколку не го спречи Хезболах да „предизвикува проблеми“, а иранската делегација која преговара со САД во Швајцарија официјално протестираше поради тие закани.

Поврзани содржини