ЗА ПРВПАТ УБЕДЛИВО ВОДСТВО НА ДЕСНИЧАРСКАТА АФД ВО ГЕРМАНИЈА Партијата утре би победила ако се одржат избори
На прашањето: „За кого би гласале доколку парламентарните избори се одржат следната недела“, 28 проценти од анкетираните ја избрале АФД, а 24 проценти ја избрале ЦДУ/ЦСУ, што е за 2 проценти повеќе споредба со претходната анкета.
Десничарската народна партија Алтернатива за Германија (АФД) е во предност во сите релевантни анкети на јавното мислење и сега се етаблира како најпопуларна политичка партија во земјата, објавија денеска германските медиуми.
Редовната анкета на јавното мислење на јавниот радиодифузен сервис ЗДФ „Политички барометар“ покажува дека АФД ужива предност од 4 проценти пред владејачката Христијанско-демократска унија ЦДУ/ЦСУ.
На прашањето: „За кого би гласале доколку парламентарните избори се одржат следната недела“, 28 проценти од анкетираните ја избрале АФД, а 24 проценти ја избрале ЦДУ/ЦСУ, што е за 2 проценти повеќе споредба со претходната анкета.
На третото место е помладиот партнер во владата на Фридрих Мерц, Социјалдемократската партија на Германија (СПД), со 13 проценти популарност. Следуваат Зелените и Левица, со 12 и 11 проценти.

Во анкетите на јавното мислење спроведени од други институти, АФД има уште подобри резултати. Во анкетите на институтите Insa и YouGov, АФД е поддржана од 29 проценти од анкетираните, додека Унијата е на второ место со 22 и 20 проценти, соодветно.
Владините партии губат популарност и покрај фактот дека направија значајни чекори откако дојдоа на власт во намалувањето на нелегалната миграција. Ограничувањата за имиграција се еден од главните адути на опозициската АФД.
Во септември се одржуваат избори за покраински парламенти во неколку федерални покраини на истокот од Германија, каде што се очекува победа на АФ, а во Саксонија-Анхалт се очекува апсолутно мнозинство и назначување на првиот покраински премиер од редовите на АФД.
Анкетата „Политички барометар“ покажа неподготвеност на граѓаните да ги прифатат товарите што доаѓаат со планираните реформи на социјалниот систем на сегашната христијанско-социјалдемократска влада. Само 25 проценти од анкетираните се подготвени да го носат финансискиот товар што би дошол со сеопфатните реформи на пензискиот, здравствениот и социјалниот систем планирани од владата на Фридрих Мерц.
Алтернатива за Германија е политичка партија основана во 2013 година, а некои медиуми постојано ја опишуваат како крајно десничарска, националистичка и популистичка.
Партијата го изгради своето политичко влијание со евроскептицизам и со силно спротивставување на масовната имиграција.
Од почетокот на војната во Украина, АфД се профилира како најгласен противник на испраќањето германско оружје во Киев и на воведувањето економски санкции против Москва. Поради ваквите позиции, политичките противници и западните аналитичари редовно ја означуваат како проруска опција која директно ги застапува интересите на Кремљ во германскиот политички простор.
На чело на партијата е Алис Вајдел, доктор по економски науки со долгогодишно искуство во финансискиот сектор. Таа е копретседател, исто како и Тино Чрупала. Вајдел ја предводи пратеничката група на АфД во федералниот парламент (Бундестаг). Ја сметаат за една од најартикулираните, но и најконтроверзните личности на германската политичка сцена.