ЛЕТАЛ СО ПОРШЕ СО 188 КМ/ЧАС НА АВТОПАТОТ КУМАНОВО–СКОПЈЕ Приведен српски државјанин, возилото одземено

Како што соопшти полицијата, возилото било забележано при радарска контрола спроведена од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот.

309

На автопатот Куманово–Скопје, кај клучката „Рафинерија“, во четвртокот вечерта полицијата сопрела и уапсила 30-годишен државјанин на Србија кој управувал патничко возило „порше“ со српски регистарски ознаки со брзина од 188 километри на час.

Како што соопшти полицијата, возилото било забележано при радарска контрола спроведена од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот. По мерењето било утврдено дека возачот значително ја надминал дозволената брзина на таа делница, каде ограничувањето е 100 километри на час.






По стопирањето на возилото, полицијата го одзела автомобилот, а возачот бил задржан во полициска станица за понатамошна постапка.

Од МВР посочуваат дека возењето со вакво пречекорување на брзината е една од најчестите причини за тешки сообраќајни несреќи и апелираат до возачите да ги почитуваат сообраќајните правила заради безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

Поврзани содржини