ОЧЕКУВАМ ЦЕЛОСЕН ПРЕКИН НА ОГНОТ Трамп со порака до Израел и до Хезболах

Тој додаде дека финансиските пазари позитивно реагираат на актуелниот развој на настаните.

51

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД очекуваат „целосен прекин на огнот на сите фронтови“ меѓу либанското шиитско движење Хезболах и Израел, вклучително и во Либан.

Во објава на својата социјална мрежа „Трут сошл“, Трамп ги повика сите актери на Блискиот Исток да останат посветени на дипломатскиот процес.






„Ги охрабруваме сите во регионот на Блискиот Исток да ја задржат својата посветеност и да овозможат нашите преговори да се развиваат на прекрасен начин“ – напиша американскиот претседател.

Тој додаде дека финансиските пазари позитивно реагираат на актуелниот развој на настаните.

„Пазарите го сакаат она што се случува – цените на нафтата значително паѓаат, а акциите силно растат“ – наведе Трамп.

Изјавата доаѓа еден ден откако Трамп потпиша меморандум за разбирање за ставање крај на речиси четиримесечниот конфликт меѓу САД и Иран.

Поврзани содржини