ГО НАШЛЕ МРТОВ ПОКРАЈ ПРЕВРТЕН ТРАКТОР Загина 67-годишен маж во Ресенско
Во ОВР Ресен е пријавено дека на земјен пат во атар на селото Грнчари, ресенско, до превртен трактор е пронајден починат Ф.К.(67) од Грнчари, соопшти полицијата.
Загина тракторист во околината на Ресен.
„На 16.6.2026 година во 21:25 часот во ОВР Ресен е пријавено дека на земјен пат во атар на селото Грнчари, ресенско, до превртен трактор е пронајден починат Ф.К.(67) од Грнчари. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено во Судска медицина за обдукција. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Битола“, соопшти полицијата.