🎥 МУЗИЧАРОТ КОЈ ОСЛАБЕ 100 И КУСУР КИЛОГРАМИ, СЕГА СЕ РАЗВЕДУВА Музичарот Џели Рол и неговата сопруга Бани Ксо беа заедно една деценија
Уште во февруари годинава, нивната врска изгледаше стабилна. Потоа Бани јавно проговори за импресивната трансформација на нејзиниот сопруг, нагласувајќи дека добил нова енергија и оптимизам, а истиот месец, Џели Рол ѝ се заблагодари за време на говорот на доделувањето на музичките награди за тоа што му помогнала да го промени својот живот.
Американскиот кантри музичар Џели Рол и неговата сопруга Бани Ксо решија да стават крај на нивниот речиси десетгодишен брак. Според судските документи, 41-годишниот музичар, чие вистинско име е Џејсон Бредли Дефорд, поднел барање за развод во државата Тенеси, наведувајќи „непомирливи разлики“ како причина за раскинувањето.
Иако со години важеа за еден од најомилените и најблиските парови на американската музичка сцена, извори блиски до парот тврдат дека одлуката за развод била взаемна и дека сакаат да ја зачуваат приватноста во овој чувствителен период. Особено е интересно што тие го наведоа 9 мај како датум на раскинување, само девет дена пред официјално да биде поднесено барањето за развод на суд, а разводот ги изненади нивните обожаватели бидејќи парот неодамна изјави дека се подложува на третман со вештачко оплодување.
Нивната љубовна приказна започна во 2015 година, а една година подоцна се венчаа во познатата капела „Little White Wedding“ во Лас Вегас. Со текот на годините, тие често јавно зборуваа за својата љубов, но и за предизвиците со кои се соочуваа. Еден од најголемите удари врз нивната врска дојде во 2018 година кога Џели Рол призна дека ја изневерил својата сопруга, чие вистинско име е Алиса Дефорд. Подоцна тој момент го опиша како еден од најлошите во својот живот и отворено проговори за вината што ја чувствувал поради аферата. Неверството го поврза со проблемите што ги имал во тоа време, вклучувајќи ги зависностите и лошото друштво со кое бил опкружен. И покрај ова, Бани, која претходно работела како ескорт дама, решила да му даде втора шанса.
Двојката ја надминала кризата, ја вратила довербата, па дури и повторно размениле брачни завети во 2023 година во истата капела каде што првпат се венчале. Тие постојано нагласуваат дека поминувањето низ најтешките моменти ги направило посилни.
Уште во февруари оваа година, нивната врска изгледаше стабилна. Потоа Бани јавно проговори за импресивната трансформација на нејзиниот сопруг по големото слабеење од повеќе од 100 килограми, нагласувајќи дека тој добил нова енергија и оптимизам за животот. Истиот месец, Џели Рол ѝ се заблагодари за време на говорот на доделувањето на музичките награди за тоа што му помогнала да го промени својот живот.
Но, само неколку месеци подоцна, пристигна веста за нивниот развод. Дополнителни сомнежи предизвикаа фотографиите од камион во движење пред нивната луксузна вила од 6,5 милиони долари во близина на Нешвил, иако не е познато кој од нив се исели.
Џели Рол, кој има две деца од претходни врски, и Бани Ксо сè уште јавно не ги објавија деталите за нивниот развод. Сепак, крајот на нивната љубовна приказна изненади многумина, особено по годините во кои отворено зборуваа за тоа како успеале да преживеат кризи кои неповратно би уништиле многу други врски.