🎥 НАУЧНИК ОД ЊУЈОРК ИМА 96 ГОДИНИ И СИ БАРА ЖЕНА „Моментално сум во фаза на разгледување“

Овој витален пензионер неодамна напишал автобиографија, измислил производи што се користат во микрохирургијата и има 14 патенти, а сè уште работи на неколку нови пронајдоци.

72

Никогаш не е предоцна да се најде љубов, како што докажа 96-годишниот Сол Розенблат од Менхетен, пензиониран научник и пронаоѓач кој ангажирал проводаџика за да му помогне да ја пронајде својата „последна љубов“. Иако имал неколку ручеци со жени во нивните 70-ти и 80-ти години, ниту една досега не му го привлекла вниманието.

– Па, не разбудија во мене никакво посебно чувство. Да го кажеме тоа вака, моментално сум во фаза на разгледување – вели Розенблат, пензиониран воздухопловен научник и пронаоѓач од Батери Парк Сити.






Њујорчанецот, кој работел за НАСА како ракетен научник на програмата Аполо, останал вдовец во 2023 година по 69 години среќен брак. Сега е подготвен да ја запознае својата нова сродна душа, поради што ја ангажирал проводаџиката Брижит Вајл од Њујорк.

– Како личност, неговата приказна ме трогна. Но, професионално, си помислив: „Ова е практично невозможно“ – призна Вајл. Сепак, откако се сретнала со Розенблат лично, таа одлучила да му помогне да најде некој со кого ќе го помине остатокот од животот.

– Затоа што воопшто не е стар – додава таа со смеа.

 

Што бара кај партнерката?

Розенблат многу добро знае што бара кај жената.

– Треба да биде пријатна за око и да има барем основно познавање на науката – вели тој.

Овој витален пензионер неодамна напишал автобиографија, измислил производи што се користат во микрохирургијата и има 14 патенти, а сè уште работи на неколку нови пронајдоци. Неговиот колеџ, Градскиот колеџ во Њујорк, оваа есен ќе му го додели престижниот претседателски медал, кој претходно им бил доделен на Нелсон Мандела, Корета Скот Кинг, Колин Пауел и Хилари Клинтон.

Иако образованието на неговата партнерка му е важно, Розенблат и неговата проводаџика се согласуваат дека и другите квалитети се подеднакво важни. Вејл вели дека бараат „некој што е топол, емпатичен, љубезен и дарежлив како него, и тоа и во физичка смисла, бидејќи Сол е топол и романтичен“.

Проблемот со досегашните состаноци

Еден од проблемите со кои се соочил е тоа што некои од жените со кои излегувал бараат друштво, а не романтичен партнер.

– Тие би сакале некој со кого ќе одат во кино или во музеј, но не се заинтересирани за ништо повеќе од тоа – објасни тој.

Вејл вели дека ситуацијата е предизвикувачка.

– Ниту една жена со која го запознав Сол не рекла дека не сака повторно да го види. Тие сакаат, но под свои услови. Тие имаат рутина и се чувствуваат удобно да имаат некого со кого ќе одат на вечера или во театар. Но, Сол не ме ангажираше да му најдам придружничка. Тој бара романтична врска, што веројатно вклучува и заеднички живот – вели таа.

Идни планови

Розенблат моментално живее во дом за стари лица, но вели дека штом ќе сретне нова љубов, ќе купи стан во Батери Парк Сити за да можат да живеат заедно и да шетаат низ соседството.

96-годишникот сè уште вози електричен трицикл, но вели дека тоа не би било проблем дури и ако неговата идна партнерка не вози.

– Ќе биде лесно да ме следи кога возам. Велосипедот е само за една личност – рече тој.

Розенблат се потсетил и на својата покојна сопруга Вики, која е родена во Египет и со која се оженил четири месеци откако се запознале.

– Таа беше концертна пијанистка и зборуваше пет јазици. Беше одлична со луѓето. Неа никогаш нема да можам да ја заменам – рече тој.

Научникот има три деца, но не се консултирал со нив пред да тргне во потрага по нова партнерка.

– Но, тие ме поддржуваат во сè што сакам. Секако, им оставив многу пари, па тоа помага – се пошегува тој.

Поврзани содржини