📽️ БРУТАЛНА ТЕПАЧКА ПО ФИНАЛЕТО ПАНАТИНАИКОС-ОЛИМПИЈАКОС Џонс го нокаутираше Нан во салата

По завршувањето на финалето во грчката кошаркарска лига, дојде до физичка пресметка меѓу Тајрик Џонс и Кендрик Нан, што предизвика хаос и реакција од обезбедувањето.

156

Сериозен инцидент ја потресе грчката кошаркарска јавност по завршувањето на големото финале меѓу Панатинаикос и Олимпијакос, во кое титулата ја освои Олимпијакос.

По завршниот свиреж, во подрибинскиот простор дошло до физичка пресметка меѓу Тајрик Џонс и Кендрик Нан, при што ситуацијата ескалирала во насилен инцидент.






Според информациите, Џонс го удрил Нан со тупаница во лице, по што настанал хаос во салата. Поради силната физичка конфронтација, реагирале редари и полициски службеници, но обидите за смирување на ситуацијата биле отежнати поради интензитетот на инцидентот.

Двајцата кошаркари во текот на натпреварот имаа интензивен дуел во спортски рамки, но по неговото завршување дојде до сцена која може да има сериозни последици.

Се очекуваат реакции од клубовите и кошаркарските власти во Грција, како и можни санкции поради инцидентот.

 

Поврзани содржини