МАКЕДОНСКИОТ ЛЕКАР МЕЃУ НАЈЦИТИРАНИТЕ ВО СВЕТОТ Д-р Жан Митрев доби големо признание

Д-р Жан Митрев е рангиран меѓу десетте најцитирани истражувачи во медицинските науки според проектот АРБУ, кој ги анализира академските перформанси на научници од Балканот.

74

Македонскиот лекар и научник д-р Жан Митрев е рангиран меѓу десетте најцитирани истражувачи во областа на медицинските науки, според истражување спроведено во рамки на проектот АРБУ – Академско рангирање на балканските универзитети.

За ова признание му е доделен и официјален сертификат, кој беше презентиран на манифестација, на која присуствуваа проф. д-р Милка Клинчева и д-р Емил Стоицовски, кој во име на Митрев го прими признанието.






Според објавената листа на АРБУ во категоријата „Medical Sciences“, д-р Митрев е рангиран на 8. место во Македонија, во конкуренција од 100 истражувачи, според нивниот академски придонес и цитираност.

Покрај ова, тој е дел и од групата на 25 најцитирани истражувачи во земјата, што претставува значајна потврда за неговата научно-истражувачка работа и влијанието во медицинската наука.

АРБУ е регионален проект кој опфаќа академски институции и истражувачи од повеќе балкански земји, меѓу кои Македонија, Србија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија и Албанија. Целта на платформата е да обезбеди индикатори за академски перформанси, особено за институции кои не се опфатени со најпознатите светски рангирања како „QS“, „Times Higher Education“ и „Shanghai Ranking“.

Поврзани содржини