ФЕРО ИНВЕСТ ГО НАПРАВИ ПРВИОТ ЧЕКОР Македонија веќе има батериски системи во комерцијална употреба

Анѓушев порача дека складирањето на електричната енергија е клучно за иднината на обновливите извори, а ФЕРО ИНВЕСТ веќе има реализирано над 250 мегават-часови батериски системи.

103

Новото клучно прашање во енергетскиот сектор е каде и како ќе се складира произведената електрична енергија од обновливи извори, изјави Тодор Анѓушев, управител на ЕМС во рамките на ФЕРО ИНВЕСТ, на стручната трибина „Складирање на електрична енергија и интеграција на производство од обновливи извори – предизвици и решенија“, организирана од МАКО СИГРЕ на ФЕИТ во Скопје.

Тодор Анѓушев нагласи дека без батериски системи е невозможно целосно да се искористи потенцијалот на обновливите извори на енергија, но дека поставувањето батериски систем е многу посложено од изградба на сончева електрана.






– Батериските системи се сложен енергетски објект кој треба правилно да се проектира, софтверски да се интегрира, да се усогласи со мрежните правила, регулативите и пазарните механизми и, најважно, секојдневно да се управува со него – истакна Анѓушев.

Тој нагласи дека е многу важно инвеститорите да проценат кој ќе им го инсталира батерискиот систем, кој ќе се грижи за него, кој секојдневно ќе го програмира за полнење и празнење и, конечно, кој ќе им ја откупува произведената и складирана електрична енергија.

Тодор Анѓушев даде конкретен пример преку батериските системи на ФЕРО ИНВЕСТ, кои веќе се реално поставени, поврзани на мрежата, со обезбедени сите потребни дозволи, и веќе подолг период работат и се дел од комерцијалната експлоатација без никаква техничка или административна пречка.

ФЕРО ИНВЕСТ во 2025 година го изведе првиот батериски систем во Македонија, поставен на сопствена електрана, кој, според новите законски одредби, единствен поседуваше градежна дозвола, согласност за приклучување на мрежата и лиценца за складирање електрична енергија.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Plusinfo.mk (@plusinfo.mk)

ФЕРО ИНВЕСТ досега учествуваше во изведба на над 250 MWh (мегават-часови) батериски системи за сопствените електрани и за електрани на клиенти.

Во реализација се уште околу 70 MWh батериски капацитети.

На панел-дискусијата на ФЕИТ учествуваа и претставници од клучните институции и компании во енергетскиот сектор: Електродистрибуција, МЕПСО, МЕМО, ФЕРО ИНВЕСТ и Интебако.

На дебатата беше потенцирано дека батериите овозможуваат електричната енергија да се складира во текот на денот, кога има високо производство од сонце, а пазарните цени се ниски, и да се користи или продава во ноќните часови, кога нема сончево производство, а побарувачката и пазарните цени на електричната енергија се значително повисоки.

На овој начин батериите создаваат добивка за производителот, односно за електраната, а истовремено му помагаат на електроенергетскиот систем на Македонија, штитејќи го од преоптоварување со прекумерни количини енергија во критичните часови од денот.

Поврзани содржини