ТРАМП ЗА 80. РОДЕНДЕН ЌЕ ДОБИЕ ПИСМО И МИСТЕРИОЗЕН ПАКЕТ Што му подготви Мерц среде дипломатското заладување?

Додека односите меѓу Берлин и Вашингтон заладија поради Иран и Блискиот Исток, германскиот канцелар избра необичен гест за 80. роденден на американскиот претседател.

99

Германскиот канцелар Фридрих Мерц му испратил рачно напишано писмо на Доналд Трамп по повод неговиот 80. роденден, а во понеделник лично ќе му врачи и подарок чија содржина засега се чува во тајност.

Писмото преку курир ќе пристигне во Белата куќа, додека мистериозниот пакет ќе биде предаден на Самитот на Г7 во францускиот град Евијан, покрај Женевското Езеро.






Што се крие во пакетот?

Од германската влада не откриваат што ќе добие Трамп, но ова не е првпат Мерц да избере необичен подарок за американскиот претседател.

При една од претходните средби му подари копија од изводот на родени на неговиот дедо од германското село Калштат, заедно со палка за голф. Подоцна му врачи и реплика од историскиот договор за пријателство и трговија меѓу САД и Прусија од 1785 година.

Роденден со спектакл

Трамп в недела ќе го прослави јубилејниот 80. роденден во Вашингтон со голем број гости и борба во кафез, по што директно ќе отпатува на Самитот на Г7.

Таму треба да се сретне со лидерите на најмоќните западни економии, меѓу кои и со германскиот канцелар.

Од добри односи до заладување

Иако двајцата лидери минатата година имаа добар почеток на соработката, односите во последно време значително заладија.

Причина се критиките на Мерц за американската политика кон Иран и кризата на Блискиот Исток. По тие изјави, Трамп најави повлекување на 5.000 американски војници од Германија.

Поради тоа, сè уште нема официјална потврда дали двајцата ќе одржат посебна билатерална средба за време на самитот.

Поврзани содржини