📽️ КАНАДА НЕ ИЗОСТАНА СО СВЕЧЕНОСТА ПО МЕКСИКО Трojца домаќини, три спектакли на Мундијалот
Иако Светското првенство беше отворено со натпреварот меѓу Мексико и Јужна Африка, ФИФА им овозможи на сите три домаќини да организираат сопствена церемонија пред првиот настап на својата репрезентација.
Светското првенство официјално стартуваше вчера со дуелот меѓу Мексико и Јужна Африка, но свечените церемонии продолжуваат.
Бидејќи турнирот првпат го организираат три држави, ФИФА предвиде секоја од нив да добие свое симболично отворање пред првиот натпревар на националниот тим.
По Мексико, спектакл и во Канада
Во пресрет на натпреварот меѓу Канада и Босна и Херцеговина, домаќините приредија свечена програма со која го одбележаа стартот на шампионатот на канадско тло.
По големото шоу во Мексико, ред дојде и на Канада, која пред преполните трибини во Торонто испрати силна порака дека е подготвена за фудбалскиот празник.
Canada 🇨🇦 World Cup opening ceremony
Is beautiful 🤩 pic.twitter.com/wMmWbYyG9A— Dexyboi (@Dexyboi7) June 12, 2026
Свеченоста во Торонто се одржа непосредно пред натпреварот меѓу Канада и Босна и Херцеговина, а атмосферата во градот уште од утринските часови ја создаваа илјадници босански навивачи. Според локалните проценки, во Торонто пристигнале околу 30.000 фанови на „змејовите“, поради што делови од градот повеќе потсетуваа на Сараево отколку на канадска метропола.
САД го затвораат кругот
Третата и последна церемонија ќе се одржи во Инглвуд, каде што репрезентацијата на САД ќе го одигра својот прв натпревар против Парагвај.
Средбата почнува во три часот по македонско време, по што и последниот од трите домаќини ќе го означи почетокот на својата мундијалска приказна.