„НЕ МОЖАМ ДА ОДАМ, ЕДВАЈ ГЛЕДАМ, ВО УСТАТА МИ ЦВЕТААТ АФТИ, СЕ МОЛАМ ЗА СМРТ“ Тешко болната Рудан ја призна горчливата вистина
Дали му се радувате на животот? Знаете ли каков би можел да биде? Да знаев јас, мојот живот ќе беше радост и смеа и опуштено вриштење во море и кога младоста беше зад мене. Не знаев. Мислев дека мојата среќа се крие од мене и ме чека таму далеку..., пишува Ведрана Рудан во својата колумна „Девојка во прегратка на метастазите“.
Писателката Ведрана Рудан долго време се бори со рак на жолчниот канал и често пишува за својата борба со здравјето во својата колумна „Девојка во прегратка на метастазите“. Во својот последен текст, кој го нарече „Што навистина сакам?“, таа проговори за тешка тема – подготовката за сопствената смрт.
– Не ме интересираат војни, мир, луѓе. Немам здив, избегнувам да кажувам долги реченици и се преправам дека не ме интересира што велат лекарите. И го фаќам секој поглед што ми го упатуваат и се обидувам да им верувам на насмевките. И тие луѓе, странци што ги среќавам во болничките ходници, секој во својата количка, ми го кажуваат истото:
„Драго ни е што сте со нас. Каква таква.“
Потоа им објаснувам дека сакам да умрам и се обидувам да не плачам. Па кога сум сама се прашувам, сакаш да умреш или сепак, секоја средба, секој поздрав од продавачката на компири која знае дека нејзиниот муштерија е твој син, е знак дека некој те сака и дека можеби затоа…
Го повторувам ова затоа што нема смисла за мене. Никогаш не помислив дека моите бебиња еден ден ќе бидат носители на среќата во мојата старост. Дека ќе поминам четириесет години со еден маж и дека тој ќе ми биде медицински брат.
Му објаснувам дека сакам смрт и конечно мир, а сепак денес имам апаратче во увото?
„Уживај во животот, јас умирам, но ти мора да знаеш колку е убав животот. Прекрасен!“
Ако некој ми гарантираше дека некогаш ќе бидам здрава барем уште три дена како порано…
Стара сум и се плашам од тоа што ме чека. Ако некој ми кажеше дека живот постои и во дванаесет квадратни метри и дека може да те усреќи поздрав од непозната продавачка на компири и пофалба од Нивес, која ти ги крши нозете на терапија за да можеш да станеш од кревет…
Никој ништо не ми кажал. Вчера отидов на фризер. Некое чудно суштество ме гледаше. Кортикостероиди? Смрт? Едвај ги совладав трите чекори до излезната врата. Но, сепак, со измиена коса.
Дали му се радувате на животот? Знаете ли каков би можел да биде? Да знаев јас, мојот живот ќе беше радост и смеа и опуштено вриштење во море и кога младоста беше зад мене. Не знаев. Мислев дека мојата среќа се крие од мене и ме чека таму далеку.
Денес, сега, во овој момент кога сум сигурна дека нема да станам од кревет без помош, а потоа тоа значи…
Му се радувам на апаратчето во увото.