ДАЛИ ОМИЛЕНИОТ АПЕРОЛ ШПРИЦ НАВИСТИНА ГО ЗГОЛЕМУВА РИЗИКОТ ОД РАК? Содржи две спорни состојки, едната во САД е целосно забранета

Популарниот летен пијалак ја добива препознатливата боја од адитиви за кои со години се водат дебати, а во САД се и целосно забранети

2

Топла летна вечер, чаша Aperol Spritz и друштво на пријатели за многумина се речиси неизоставен дел од летото. Сепак, на интернет повремено се појавуваат предупредувања дека препознатливата портокалово-црвена боја на овој аперитив крие потенцијално опасни материи. Aperol е италијански ликер, производ на компанијата Campari Group, а Aperol Spritz се подготвува со Aperol, просеко и минерална вода.

Карактеристичната портокалово-црвена боја Aperol ја добива благодарение на вештачките бои Е 110, позната како жолто-портокалова S, и Е 124, односно кошенил црвена А. Станува збор за таканаречени азо-бои, чија употреба во прехранбената индустрија со години е предмет на дебати. Според германската организација за заштита на потрошувачите Verbraucherzentrale Berlin, овие бои кај лицата чувствителни на аспирин или склони кон алергии можат да предизвикаат псевдоалергиски реакции, кои може да се манифестираат со црвенило на кожата или астма.

Повеќе за ова прочитајте на порталот „Арт кујна“.






Поврзани содржини