ПОЖАРНИКАРИТЕ ВОДАТ БИТКА СО ОГНОТ НАД ШТИП Поради ветрот, пламенот брзо се проширил на сува трева

По удар од гром избувнал пожар на патот кон градските гробишта, а силниот ветер придонел огнот брзо да зафати поголема површина.

168

Пожарникарите од Штип попладнево интервенираат на пожар што избувна во месноста Плуждино, на патот кон градските гробишта, пренесе Скопје1 повикувајќи се на информации од Центарот за управување со кризи.

„Пожарникарите во моментов работат на локализирање на пожарот, спречување на неговото понатамошно ширење и заштита на објектите во близина кои би можеле да бидат загрозени“.






Огнот зафатил сува трева на поголема површина, а според првичните информации најверојатна причина е удар од гром.

„Поради засилениот ветер, огнот брзо се проширил на поголема површина, поради што на терен интервенираат екипи на Територијалната противпожарна единица Штип“, информира ЦУК.

Поврзани содржини