📽️ 📷 МАКЕДОНЕЦ РАЧНО ГИ ИЗРАБОТИ КОПАЧКИТЕ НА ЏЕКО ЗА СВЕТСКО Еве како изгледа опремата која ќе ја носи репрезентатиецот на БиХ

Босанската фудбалска ѕвезда Един Џеко на претстојното Светско првенство ќе настапи во специјално изработени копачки дизајнирани од македонскиот уметник Сатја Грабулоски и неговото студио Swithadot Studios.

215

Најголемата фудбалска ѕвезда на Босна и Херцеговина, Един Џеко, на претстојното Светско првенство ќе настапи со уникатни копачки изработени од македонскиот уметник Сатја Грабулоски и неговото студио „Swithadot Studios“.

Копачките се дел од специјалната линија „OneOfAKindS“ и се дизајнирани со инспирација од прекарот на Џеко – „Босанскиот змеј“. Во нив доминираат сини тонови, босанското знаме, како и рачно изработени детали со 18-каратно течно злато, кои симболизираат лидерство, наследство и големината на кариерата на напаѓачот.






Џеко на Инстаграм се пофали со подарокот кој го доби од македонското студио. Копачките ги доби пред пријателскиот натпревар кој се одигра на „Кошево“ меѓу Босна и Херцеговина и Македонија на 29 мај и кој заврши 0:0.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Swithadot StudioS. (@swithadot)

Од студиото „Swithadot Studios“, кое досега има соработувано со повеќе од 400 светски спортски и музички ѕвезди, велат дека станува збор за еден од нивните најпрепознатливи проекти досега, кој повторно ја става македонската креативност на светската сцена.

Овој проект претставува уште едно меѓународно признание за македонскиот дизајн, кој ќе биде дел од најголемиот фудбалски настан на планетата.

Поврзани содржини