ЌЕ КОСИ СИЛЕН ЗАПАДЕН ВЕТЕР СО БРЗИНА НАД 60 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС Следуваат денови со поројни дождови, грмежи и со услови за град

Утре (вторник) во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер, најави Управата за хидрометеоролошки работи.

0

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, најави Управата за хидрометеоролошки работи.

Во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер. Ќе дува засилен до силен ветер од западен правец, кој повремено во западните делови ќе надминува брзина од 60 километри на час.






Најстудено ќе биде во Берово, со утринска температура до 9  степени, а најтопло во Гевгелија, со температура до 32 тепени Целзиусови.

Фото: УХМР

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Температурата ќе се движи од 14 до 30 степени.

До крајот на оваа седмица времето ќе биде променливо облачно време со сончеви периоди. Во попладневните часови наместа ќе има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите ќе бидат поинтензивни, со пообилен пороен дожд, силен ветер, грмежи и услови за појава на град, особено во четврток и во сабота.

Ќе дува умерен до засилен ветер од западен правец.

Фото: УХМР
Поврзани содржини