ОРМУСКИОТ ТЕСНЕЦ ПОВАЖЕН ОД НУКЛЕАРНАТА ПРОГРАМА? Иран нема да се откаже од контролата врз преминот

Претставник на Иранската револуционерна гарда оцени дека конфликтот донел одредени „придобивки“ за Иран, тврдејќи дека земјата не само што се одбранила, туку и излегла зајакната од судирот.

1

Контролата врз Ормуската Теснина за Иран е поважна од поседување нуклеарно оружје, изјави високопоставен  претставник на Иранската револуционерна гарда.

Заменик-политичкиот командант, Јадола Џавани, изјавил дека воспоставувањето суверенитет над Ормуската Теснина претставува „стратешко оружје“ кое, според него, е поважно од нуклеарниот арсенал бидејќи и овозможува на земјата да „казнува агресори“.






Тој додал дека воената конфронтација со Соединетите Американски Држави и Израел била „неизбежна“ и дека Иран се подготвувал за таков развој на настаните.

Џавани исто така оцени дека конфликтот донел одредени „придобивки“ за Иран, тврдејќи дека земјата не само што се одбранила, туку и излегла зајакната од судирот.

Во меѓувреме, дел од светските медиуми меѓу кои и „Си-Ен-Ен“, пренесуваат дека Иран ги засилува напорите за обновување на подземните ракетни капацитети, по неодамнешните напади и затегнатите безбедносни состојби во регионот.

Поврзани содржини