ТУРЧИН СЕЧЕЛ ГРАНКИ И ПАДНАЛ ОД ДРВО Работник заврши со скршеници во камп во Извор
Турски работник се здобил со скршеници по пад при сечење гранки во работнички камп во кичевското село Извор и е пренесен во болница во Охрид.
Турски државјанин на возраст од 57 години се здобил со повреди по пад во работнички камп во кичевското село Извор, откако, според пријавеното, при сечење гранки од дрво изгубил рамнотежа.
Инцидентот се случил вчера утрото околу 10:40 часот, во камп во кој работел во градежна фирма. Според информациите, мажот во еден момент се обидел сам да сече гранки, при што поради невнимание паднал и се здобил со скршеници.
По несреќата, веднаш била повикана Итна медицинска помош, која го пренела повредениот во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид, каде му е укажана лекарска нега.
Надлежните служби го документираат случајот.