ОШТЕТЕНА ОПШТИНА СО НАД 1,5 МИЛИОН ДЕНАРИ Фирма од Скопје и странски државјанин копале без одобрение

Кривична пријава е поднесена против фирма од Скопје и две лица поради сомнежи дека без дозвола ископале канал и поставиле кабли кај Неготино, со што е направена штета од над 1,5 милион денари.

179

Полицијата поднесе кривична пријава против правно лице од Скопје, еден државјанин на Австрија и еден жител на Гевгелија, поради сомнение дека без дозвола извршиле градежни активности на потегот од селото Пепелиште кон Војшанци, во неготинско.

Според истрагата, осомничените ископале канал долг околу 600 метри и поставиле кабли за електрична енергија, со што, како што наведуваат надлежните, е направена штета на општината од над 1,5 милион денари.






Кривичната пријава се однесува на правното лице, лицето В.М. од Австрија кое е одговорно лице во фирмата, како и Р.М. (52) од Гевгелија, кој бил раководител на подружница на компанијата во Кавадарци.

Инспектори и полициски службеници утврдиле дека градежните работи биле започнати пред да бидат исполнети законските услови – без платен надомест за уредување на градежно земјиште во износ од 1.502.981 денари и без одобрение за градба, иако претходно било поднесено барање до Општина Неготино.

Случајот е поднесен за кривично дело бесправно градење.

Поврзани содржини