УАПСЕНИ 16 ВОЗАЧИ, ДУРИ 14 ОД НИВ БЕЗ ВОЗАЧКА Полицијата фати малолетници, пијани и со забрана

Полицијата во акција низ целата држава лиши од слобода 16 возачи, дел без возачка дозвола, дел под забрана и под дејство на алкохол.

0

Полицијата во изминатите 24 часа лиши од слобода 16 возачи низ државата поради опасно и несовесно управување возило, при што дел од нив воопшто немале возачка дозвола, а дел возеле и покрај забрани или под дејство на алкохол.

Од уапсените, 14 возеле без возачка дозвола, меѓу кои има и малолетник. Еден возач бил фатен како вози иако му била изречена активна забрана, а друг без дозвола и под дејство на алкохол.






Во Скопје се регистрирани три случаи на возење без дозвола, во Тетово четири, во Битола пет, а по еден случај има во Македонски Брод и Велес. Во Велес е регистриран и малолетник зад волан.

Посебно е издвоен случај во кој едно лице во Велес возело без дозвола и под дејство на алкохол, додека друго лице управувало возило и покрај активна забрана.

Полицијата најави дека по целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни пријави.

Апел од надлежните е возачите да ги почитуваат правилата, да не седнуваат зад волан без дозвола, под забрана или под дејство на алкохол, со цел поголема безбедност во сообраќајот.

Поврзани содржини