ВОЗЕЛ БЕЗ ДОЗВОЛА, ПИЈАН И ПОД ЗАБРАНА Полицијата приведе 16 ризични возачи

Во текот на едно деноноќие, полицијата приведе 16 возачи за опасно и несовесно учество во сообраќајот – дел без дозвола, дел под забрана, а еден и под дејство на алкохол.

88

Полицијата во текот на изминатото деноноќие приведе 16 возачи кои биле фатени како управуваат возила на опасен и несовесен начин на патиштата низ земјата.

Најголем дел од нив биле зад волан без возачка дозвола – дури 14 случаи, меѓу кои и еден малолетник.






Во Велес е регистриран и случај на возач кој не само што немал дозвола, туку бил и под дејство на алкохол. Таму е откриен и возач кој управувал возило и покрај тоа што имал активна забрана за возење.

Според податоците, во Скопје се приведени три лица без возачка дозвола, во Тетово четири, во Битола пет, а по еден случај има во Македонски Брод и Велес.

Полицијата соопшти дека по целосно расчистување на случаите ќе бидат поднесени пријави.

Од МВР апелираат возачите да не седнуваат зад волан без дозвола, под забрана или под дејство на алкохол, бидејќи со тоа директно го загрозуваат сопствениот и туѓиот живот.

Поврзани содржини