„ДОНЕСИ ГИ ПАРИТЕ ВО ДВОРОТ НА БОЛНИЦАТА“ Жена од Велешко измамена од лажен лекар
Жена на 58 години од велешко пријавила дека била измамена за околу 4.000 евра, откако лице телефонски ѝ се претставило како лекар од болницата во Велес. Измамниците ѝ кажале дека нејзината ќерка има скршеница и итно треба да биде оперирана.
Жена од велешко останала без околу 4.000 евра, откако измамници ја убедиле дека нејзината ќерка лежи во болница и итно треба да биде оперирана. Случајот вчера бил пријавен во СВР Велес.
Според полицискиот билтен, 58-годишната жена добила телефонски повик од лице кое се претставило како лекар во Општата болница во Велес.
Измамникот ѝ кажал дека нејзината ќерка има скршеница и дека за оперативен зафат треба да плати пари. Според пријавата, ѝ било кажано парите да ги донесе во болницата.
Кога пристигнала, во дворот ја пречекало женско лице на кое му ги предала парите.
Подоцна сфатила дека била измамена.
Од СВР Велес соопштија дека се преземаат мерки за расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителите.