ПАДНАЛА ВО ШАХТА БЕЗ КАПАК СРЕДЕ ЦЕНТАР Скопјанка заврши со тешка повреда

Скопјанка пријавила дека паднала во шахта без капак на подрачјето на Центар и се здобила со тешка телесна повреда.

111

Жена на 48 години од Скопје се здобила со тешка телесна повреда откако паднала во шахта без капак на подрачјето на Центар. Случајот бил пријавен вчера вечер во СВР Скопје.

Според информациите од полицијата, М.Х.(48) пријавила дека несреќата се случила на 9 мај околу 18:30 часот. Таа паднала во отворена шахта и се повредила.






Од СВР Скопје соопштија дека по пријавата била испратена увидна екипа. Засега нема информации колку долго шахтата била без капак и дали претходно била пријавувана.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Поврзани содржини