СЕ УРНА АМЕРИКАНСКИ ВОЕН АВИОН ВО АЛАБАМА Пилотите успешно се катапултирале

Сè уште не е позната причината за уривање на авионот.

27

Авион на американското воено воздухопловство денеска се урна во западниот дел на Алабама, а двајцата пилоти успешно се катапултираа.

Несреќата се случи за време на тренажен лет. Суперсоничниот авион за обука „Т-38 Талон II“ полетал од базата Колумбус во Мисисипи.

Сè уште не е позната причината за уривање на авионот.

Во базата Колумбус во Мисисипи сместена е 14-та ескадрила за воздухопловна обука, која обучува пилоти за различни авиони.

Поврзани содржини