📽️ МЛАДИТЕ ГО ПРЕЧЕКАА ТРАМП ВО ПЕКИНГ Воен оркестар пред големата средба со Џинпинг

Американскиот претседател Доналд Трамп пристигна во Пекинг, каде утре ќе има средба со кинескиот лидер Си Џинпинг. На аеродромот го пречекаа воен оркестар, кинеска делегација и 300 млади Кинези со знамиња во рацете.

0

Тристотини млади Кинези во сино-бели униформи со кинески знамиња во рацете го пречекаа американскиот претседњател на аеродромот во Пекинг. Кина му приреди пречек со воени почести и оркестар на Доналд Трамп, а делегацијата ја предводеше кинескиот потпретседател Хан Женг.

Трамп ќе се сретне со кинескиот колега Си Џинпинг за да зборуваат на бројни теми. Пред летот Трамп изјави дека ја има контролата врз Иран.

Во придружба на Трамп се и државниот секретар Марко Рубио, министерот за одбрана Пит Хегсет и трговскиот претставник Џејмисон Грир. Средбата ќе биде фокусирана на трговијата, безбедноста и односите меѓу Вашингтон и Пекинг.

Во американската делегација се и дел од најмоќните американски бизнисмени, меѓу кои Илон Маск, Тим Кук и директори на „Боинг“, „БлекРок“, „Голдман Сакс“, „Виза“ и „Мастеркард“.

Поврзани содржини