ЗАЕВ И ФИЛИПЧЕ СЕ УЦЕНЕТИ ДА ОДРАБОТУВААТ ЗА БУГАРИЈА Затоа вршат притисок за уставни измени
Многу е веројатно дека Заев ја користел Софија за перење на криминално стекнат капитал поради што е уценет и сега одработува за Бугарија – се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
СДСМ и Венко Филипче во едни соопштенија го обвинуваат ВМРО-ДПМНЕ за србофилство, а во други за бугарофилство, а во исто време Зоран Заев и Венко Филипче имаат документи за престој и златни визи од Дубаи – забележува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.
„Очигледно Венко Филипче е сервилен слуга на Зоран Заев, а Заев ја даде СДСМ под кирија на Румен Радев. Како што имаше директни сведоштва од Бугарија дека Заев добил пари од Софија, а за возрат ветувал прислушувани разговори, со кои тргувал пред да стане премиер, и ветувања за други бизниси, сега е многу веројатно дека Заев ја користел Софија за перење на криминално стекнат капитал поради што е уценет и сега одработува за Бугарија.
Притисоците од СДСМ за прифаќање на бугарските диктати не се ништо друго освен одработување на уценетите предавници и котиња, Заев и Филипче. Овие уценети котиња сакаат сега да ја фрлат Македонија на колена со нови предавства. Затоа им смета ВМРО-ДПМНЕ и ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да биде брана за предавничките политики на котињата Заев и Филипче“ – пишува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.