БУГАРИЈА ГИ БРАНИ СВОИТЕ, А ФИЛИПЧЕ ИМ ШТЕТИ НА МАКЕДОНСКИТЕ ИНТЕРЕСИ Софија и СДСM зборуваат со ист речник

Токму СДСМ дозволи бугарските уцени да станат дел од нашиот преговарачки процес, поради неговата сервилност, неспособност и криминално владеење, објави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.

0

Венко Филипче денес се радува што Бугарија потврдила дека уставните измени биле „европско, а не билатерално прашање“, објави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.

„Па нормално дека ќе го потврдат тоа! Токму СДСМ дозволи бугарските уцени да станат дел од нашиот преговарачки процес, поради неговата сервилност, неспособност и криминално владеење. Филипче нема ниту морално право, ниту политички кредибилитет да зборува за Европа“, објави Петрушевски на Фејсбук.

Официјална Софија и СДСМ зборуваат со ист речник и со исти тези, додаде тој, а разликата е што Бугарија ги брани своите, а Филипче упорно им штети на македонските национални позиции.

„Со ВМРО-ДПМНЕ Македонија ќе оди кон Европа само исправена, достоинствена и со зачуван идентитет, а не понижена и на колена како што ја остави СДСМ“, порача Петрушевски.

 

Поврзани содржини