ОБЛАЦИ, ВЕТЕР И ДОЖД Температурите ќе паднат, времето ќе биде променливо
Локално ќе има услови за краткотраен пороен дожд и појава на ретки грмежи, најави Управата за хидрометеоролошки работи.
Времето утре ќе биде променливо облачно, најави Управата за хидрометеоролошки работи.
Претежно во западните делови од Македонија ќе има повремен дожд. Локално ќе има услови за краткотраен пороен дожд и појава на ретки грмежи. Во западните делови ќе дува западен, а долж Повардарието северен ветер, кој наместа повремено ќе засилува.
Најастудено утрото ќе биде во Берово, со минимална темпеатура до 5 степени, а најтопло ќе биде во Гевгелија, со дневна температура до 20 степени Целзиусови.

Во Скопје утре времето ќе биде променливо облачно. Во утринските часови во делови од котлината ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи од 9 до 20 степени.
Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време, со повремени локални врнежи од дожд. Во попладневните часови наместа ќе има услови за развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер. Температурите ќе бидат во опаѓање.
