ВКЛУЧУВАЊЕТО НА ЗАПАДЕН БАЛКАН ВО ЕУ Е ПРИОРИТЕТ ЗА ИТАЛИЈА Тајани за побрзо приклучување на Западен Балкан кон ЕУ

Повторно ја активирав нашата посветеност за забрзување на вклучувањето на Западен Балкан во европското семејство, тоа е стратешки приоритет на италијанската надворешна политика за просперитетот и за безбедност на нашиот континент, порача италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани.

0

Се залагам за забрзување на вклучување на Западен Балкан во европското семејство, рече италијанскиот министер за надворешни работи, Антонио Тајани, денеска во Братислава на состанокот на групата „Пријатели на Западен Балкан“ со министрите за надворешни работи од регионот и со еврокомесарката за проширување, Марта Кос.

„Повторно ја активирав нашата посветеност за забрзување на вклучувањето на Западен Балкан во европското семејство. Тоа е стратешки приоритет на италијанската надворешна политика за просперитетот и безбедност на нашиот континент“, објави Тајани на социјалната мрежа Икс.

Тој додаде дека ја повторил силната поддршка за зајакнување на присуството на компаниите од ЕУ на Балканот, вклучувајќи ја и поврзаноста на секторите преку проекти како што се Коридорот 8, Иницијативата три мориња, железничката пруга Трст-Белград и IMEC (коридорот Индија-Блиски Исток-Европа).

Поврзани содржини