ТВРДИ ДЕКА НЕ САКАЛ ДА ГО УБИЕ ТРАМП Судење на обвинетиот за напад врз американскиот претседател

Кол Томас Ален не зборувал на судењето, а еден од неговите адвокати во негово име го изнел исказот за вината.

49

Кол Томас Ален, обвинет дека вооружен упадна во хотелот во кој се одржуваше вечера организирана од Белата куќа, се изјаснил за невин по обвиненијата дека се обидел да го убие претседателот на САД, Доналд Трамп.

Ален е донесен пред суд со лисици на рацете и во портокалова затворска униформа. На рочиштето за изнесување на обвинението не зборувал, а еден од неговите адвокати во негово име го изнел исказот за вината.

Адвокатите на обвинетиот бараат од судијата да дисквалификува најмалку двајца високи функционери на Министерството за правда од директно учество во овој процес, бидејќи би можеле да се сметаат за жртви или за сведоци, со што се создава потенцијален конфликт на интереси.

Еден припадник на Тајната служба на САД беше погоден во нападот на 25 април во хотелот Хилтон во Вашингтон, но не беше повреден бидејќи имал панцир.

Поврзани содржини