ДВАЈЦА МРТВИ, ТРОЈЦА РАНЕТИ ВО ПУКАЊЕ ВО НИЦА Двајца пукале кон плоштадот од автомобил во движење
Пукањето се случи во западната населба Мулен, два дена по престрелката во истиот дел од градот во која немаше повредени.
Најмалку две лица се убиени, а три се ранети денеска во пукање во францускиот град Ница.
Пукањето се случи во западната населба Мулен, два дена по престрелката во истиот дел од градот во која немаше повредени.
Според извештаите, две лица отвориле оган на централниот плоштад на населбата од моторно возило во движење, по што возилото избегало од местото на настанот.
Градоначалникот на Ница, Ерик Сиоти, го осуди нападот.