📽️ ИРАНСКИТЕ КОМАНДОСИ СИНОЌА УПАДНАЛЕ НА ТАНКЕР Ние не пукавме први, вели Рубио
Иранските власти тврдат дека танкерот „Оушн Кои“ се обидел да го попречи извозот на иранска нафта, додека САД обвинуваат дека иранските сили први отвориле оган врз американски разорувачи. Тензиите повторно растат во Ормускиот Теснец.
Иранските сили ноќеска заплениле танкер во Ормускиот Теснец, додека американските и иранските сили повторно размениле оган, изјави американскиот државен секретар Марко Рубио.
Станува збор за танкерот „Оушн Кои“, кој пловел под знамето на Барбадос. Иранските медиуми тврдат дека бродот превезувал иранска нафта.
Командоси се качиле на танкерот
Иранските државни медиуми објавија дека танкерот бил пресретнат од ирански сили и придружуван кон јужниот брег на Иран. Бродот потоа бил предаден на судските власти.
Според Техеран, танкерот се обидел да „предизвика штета и да го попречи извозот на нафта“.
⚡️BREAKING
Iran detained the oil tanker Ocean Koi in the Strait of Hormuz overnight
The operation appears to have taken place after the clash between Iran and the United States pic.twitter.com/VeaWKHJCT1
— Iran Observer (@IranObserver0) May 8, 2026
„Ние не пукавме први“
Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави дека американските сили реагирале во самоодбрана.
– Она што го видовте вчера беа американски разорувачи кои пловеа во меѓународни води и Иранците отворија оган врз нив, а САД одговорија дефанзивно за да се заштитат – рече Рубио, кој е во посета на Рим.
Потоа додаде:
– Ние не пукавме први, тие пукаа кон нас.
Шефот на американската дипломатија вели дека очекува одговор од Иран за преговори за завршување на војната и дека се надева дека се работи за „сериозна понуда“.
„Неиспровоцирани напади“
Американската војска соопшти дека пресретнала „неиспровоцирани ирански напади“ врз три разорувачи на морнарицата на САД.
Вашингтон тврди дека одговорил со напади врз позиции за лансирање во Иран.
Техеран, пак, соопшти дека американските сили први извршиле провокација.
Техеран претходно објави дека нападнал американски воени бродови и „наводно предизвикал значителна штета“. Иран тврди дека ова било одговор на она што го нарекува кршење на прекинот на огнот од страна на САД и напади врз „цивилни области“.
Ормускиот Теснец останува една од најчувствителните поморски точки во светот.
Централната команда на американската војска (ЦЕНТКОМ) денеска се пфали дека со блокадата од „Проектот Слобода“ спречил апловидба на повеќе од 70 танкери кон иранските пристаништа.