УХМР ПРЕДУПРЕДИ ЗА ОБИЛНИ ДОЖДОВИ И ГРМЕЖИ Следуваат денови со силен ветер и со невреме

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса времето денеска ќе биде претежно облачно, со врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни и ќе наврнат над 20 литри на квадратен метар.

175

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса времето денеска ќе биде претежно облачно, со врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни и ќе наврнат над 20 литри на квадратен метар.

Ќе има и појава на грмежи, предупреди Управата за хидрометеоролошки работи.

Потоа следува период на променливо облачно време со сончеви периоди, попладне ќе биде нестабилно со честа појава на локални врнежи од дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер.

Во понеделник и во вторник ќе дува засилен до силен ветер, кој наместа ќе надминува брзина од 60 километри на час. Во следниот период ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне со услови за појава на краткотрајно невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер.

Во Скопје, денес претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината ќе има услови за појава на грмежи и засилен ветер.

Поврзани содржини