ДОАЃААТ Е-ФАКТУРИ И СИЛНА БОРБА ПРОТИВ СИВАТА ЕКОНОМИЈА Искуствата од Словачка се важни за Македонија
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во Братислава разговараше за словачките искуства со дигитализацијата, е-фактурите и борбата против даночното затајување. Македонија очекува целосна имплементација на системот за е-фактура до крајот на годината.
Дигитализацијата, е-фактурите и борбата против сивата економија беа во фокусот на средбата меѓу македонската и словачката делегација во Братислава предводена од министерката за економија Гордана Димитриеска-Кочоска. Министерката порача дека словачките искуства се важни за македонските реформи.
– Македонија веќе е во фаза на воведување на системот за е-фактура, при што до крајот на годината очекуваме негова целосна имплементација – изјави Димитриеска-Кочоска.
На средбата се разговарало и за QR плаќања, е-фискализација и дигитални алатки во даночниот систем. Министерката оцени дека технологијата може да помогне во борбата против даночното затајување и сивата економија, информира Министерството за економија.
Димитриеска-Кочоска посочи дека Македонија во 2025 година остварила економски раст од 3,5 проценти.
– Нашиот фокус останува јасен – стабилни јавни финансии, поддршка на инвестициите, дигитализација на услугите, борба против сивата економија и подобрување на деловното окружување – нагласи министерката.
Словачкиот министер Ладислав Каменицки изразил подготвеност за размена на искуства и експертиза во делот на јавните финансии и реформите.
Во фокусот биле и европските интеграции и управувањето со јавните инвестиции.