ШТО Е ТОФУ И ДАЛИ Е ЗДРАВО? Единствениот комплетен извор на протеини од растително потекло
Тофу е високо-протеински прехранбен производ, кој се произведува во процес на згрутчување на протеини од соја, едноставно, тофу е сирење од соја. Тој е богат извор на протеини, не е калоричен и содржи висок процент на минерали и витамини како што се магнезиум, железо и витамин Б.
Често се користи во исхраната во текот на разни диети и е познат и како замена за месо во исхраната на вегетаријанците.
Тофу е производ кој настанува од зрна на сирова соја.
Тофу се произведува повеќе од 2 000 години. Настанал во Азија, од каде се шири и на другите континенти. Се смета дека будистичките монаси биле првите што консумирале тофу како дел од нивната строга, вегетаријанска исхрана.
Постојат неколку видови тофу сирење од кои се издвојуваат свилено, чадено, пржено и ферментирано тофу. Свиленото тофу е многу кремасто, па затоа е одлично за правење вкусни десерти од чоколаден пудинг до пита со тиква или чизкејк. Исто така, добро служи и како додаток во смуди, заради густината и протеинската содржина.