САД И ИРАН СЕ БЛИСКУ ДО ДОГОВОР ЗА ЗАВРШУВАЊЕ НА ВОЈНАТА? Се чека согласност од двете страни во следните 48 часа

Договорот би вклучувал обврска на Иран за мораториум на збогатување ураниум, укинување на санкциите, ослободување милијарди долари замрзнати ирански средства и укинување на ограничувањата за транзит низ Ормускиот Теснец од двете страни.

97

САД и Иран се блиску до договор за завршување на војната, изјави добро упатен извор од Пакистан, кој посредува во преговорите. Тој го потврди пишувањето на американскиот сајт „Аксиос“ за предложениот меморандум, кој има само една страница. „Аксиос“ цитираше американски функционери.

– Ќе го затвориме ова многу брзо. Се доближуваме – рече пакистанскиот извор за „Ројтерс“.

Во Пакистан минатиот месец се одржа единствената средба на САД и Иран и земјата продолжува да делува како посредник и да препраќа пораки и предлози помеѓу двете страни.

„Аксиос“ објави дека Белата куќа верува дека е блиску до меморандум за завршување на војната со Иран и дека очекува одговор од Техеран на неколку клучни точки во следните 48 часа. Извештајот дојде неколку часа откако Доналд Трамп ја прекина тридневната поморска мисија за повторно отворање на Ормускиот Теснец со помош на американската војска, што го загрози кревкото примирје.

Меѓу другите одредби, договорот би вклучувал обврска на Иран за мораториум на збогатување ураниум, укинување на санкциите, ослободување милијарди долари замрзнати ирански средства и укинување на ограничувањата за транзит низ Ормускиот Теснец од двете страни.

Според „Аксиос“, меморандумот со 14 точки бил договорен низ директни и индиректни разговори помеѓу американските преговарачи Стив Виткоф и Џаред Кушнер и неколкумина ирански претставници. Во сегашната форма, меморандумот би прогласил крај на војната во регионот и почеток на 30-дневен период на преговори за детален договор за отворање на Теснецот, ограничување на нуклеарната програма на Иран и укинување на санкциите на САД.

Поврзани содржини