МАKE UP & GLOW BRUNCH dm и„Мама круг” ве покануваат на настан посветен на убавината, негата и времето за себе

За љубителките на шминката, во рамки на настанот ќе се одржи мастерклас за шминкање, на кој тимот на 'Студио Трајаноски' ќе сподели практични совети за секојдневен мејкап изглед, начини за истакнување на природната убавина и едноставни чекори за свеж и негуван изглед за различни прилики, информира dm.

33

Во секојдневието исполнето со обврски, секоја жена заслужува момент за себе – време за пауза, нега, убавина и инспирација, велат од компанија dm соопштувајќу дека, во соработка со заедницата на мајки „Мама круг”, организираат Make-up & Glow Brunch.

Настанот ќе се одржи на 16 мај, сабота, од 11 до 13 часот, во „Цвет Бистро” во населба Аеродром, Скопје. Влезот за настанот изнесува 1.200 денари, а бројот на учесници е ограничен, се вели во соопштението на dm. Сите заинтересирани треба навреме да се пријават на следниот линк.

„Настанот е наменет за сите жени кои сакаат да научат нови мејкап трикови, да се потсетат на важноста на малите ритуали за себе и да поминат квалитетно време во опуштена атмосфера.

За љубителките на шминката, во рамки на настанот ќе се одржи мастерклас за шминкање, на кој тимот на ‘Студио Трајаноски’ ќе сподели практични совети за секојдневен мејкап изглед, начини за истакнување на природната убавина и едноставни чекори за свеж и негуван изглед за различни прилики“, информира dm.

Покрај мејкап советите, се вели во написот, на настанот ќе се зборува и за важноста на негата на кожата како основа на секоја рутина за убавина.

„Малите ритуали често прават голема разлика, а овој бранч е потсетник дека грижата за себе не треба да биде луксуз, туку убав дел од секојдневието“.

Атмосферата ќе биде дополнета со внимателно одбрано мени и кафе, а секоја учесничка ќе добие и торбичка со козметика од dm како мал подарок и продолжение на моментот посветен на себе, се додава во текстот.

Компанијата порачува дека Self-Care & Makeup Brunch е покана до секоја жена да застане, да здивне и да си посвети внимание – да научи нешто ново, да се поврзе со други жени и да си подари утро посветено на негата, убавината и добрата енергија.

Поврзани содржини